ГОЛ ЗА ТВ ШПИЦИ: Проектил од половина терен со звукот на сирената (ВИДЕО)

Ракометарките на ЧСМ Букурешт остварија уште една победа во првенсството на Романија и продолжија без пораз. Во дуелот со Баја Маре водечкиот тим во Романија, ЧСМ славеше лесна победа од 37:26. Уште по првиот дел домашната екипа имаше обезбедено високо водство од 18:11, а овој резултат го постави Кристина Неагу со неверојатен гол. Најдобрата ракометарка на клубот и Романија во последните секунди од првото полувреме прифаати топка околу центарот на теренот и упати удар кон противничкиот гол кој заврши во мрежата.