ГОЛ ЗА ТВ ШПИЦИ: Проектил на Џигероски од слободен удар (ВИДЕО)

 

 

Дебитантот во Првата лига, тимот на Голден Арт 2 во С.Ц "Јане Сандански" беше поразен од Аеродром со 27:28 (13:15), во натпревар од 12. коло во прволигашката конкуренција. Најефикасен во домашната екипа беше перспективниот ракометар Немања Џигероски, кој дуелот го заврши со девет гола. Еден од погодоците на Џигероски беше за ТВ шпици. По истекот на времето од натпреварот, Џигероски биеше преку живиот ѕид и успеа да постигне гол во мрежата на гостите.