Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Тиквеш – Бутел Скопје (ВИДЕО)

Составите на Тиквеш и Бутел Скопје го имаат дербито во 14. коло од Супер машката лига, а на овој дуел е сосема извесно дека ќе има максимално возбудлив ракомет со оглед на тоа што се работи за две екипи кои сезонава играат на ниво за плеј-оф. Тиквеш како домаќин би требало да биде во предност, но тоа ќе мора да го потврди и на теренот. Бутел Скопје е незгоден ривал така што ќе треба максимум за бодови. Тоа е знак дека ќе биде доста израмнето.