Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Струга – Пролет 62 (ЛИНК)

Интересен дуел на две екипи кои веќе обезбедија место во плеј-офот. Денеска ќе имаат надигрување без посебен притисок така што сè ќе оди во знакот на ракометните возбудувања. Струга на последните натпревари покажа дека може да се надигрува со секого и затоа ова ќе биде дуел на кој може да има допадлив и интересен ракомет. Натпреварот се игра во салата „Нико Нестор“ во Струга, а почнува од 19 часот.