Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Струга – Охрид (ЛИНК)

Езерското дерби добива ново издание, а годинава сигурно ќе биде многу поинтересно од лани поради тоа што сега и стружани имаат конкурентен тим и ракометари кои покажаа во Радовиш дека се подготвени за да се борат против секого. И Охрид стартуваше со победа на домашен терен против Тиквеш, па затоа денеска ќе се нападне за нови бодови. Ова е шанса за да се потврди кој колку може во моментов и дефинитивно ќе може да се види интересен ракомет. Средбата се игра во салата „Нико Нестор“ во Струга. Почетокот на овој дуел е во 19 часот.