Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Струга – Бутел Скопје (ЛИНК)

Составот на Струга денеска го пречекува Бутел Скопје, а тимот од Скопје нема право на грешка доколку сака да остане во трка за 3. позиција. Дефинитивно ова ќе биде интересен натпревар на кој домашните нема што да загубат и тоа ќе биде можност за убава средба. Гостите се тие кои ќе мора да притиснат од почеток така што ќе мораат да играат на победа. Оваа средба се игра во салата „Нико Нестор“ во Струга со почеток во 18:30 часот и сигурно ќе има што да се види на теренот.