Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Струга – Еурофарм Пелистер (ЛИНК)

Ракометарите на Струга денеска се домаќини на составот на Еурофарм Пелистер и дефинитивно ова ќе биде натпревар во кој гостите се фаворити за победа. Стружани неколкупати покажаа дека имаат квалитет за да се надигруваат со секого, но денеска ќе имаат тешка задача бидејќи гостите влегуваат со улогата на фаворити за победа. Се очекуваат бодови за гостите, но јасно е дека домашните ќе се обидат да покажат колку е можно подобра средба. Натпреварот се игра во салата „Нико Нестор“ во Струга. Почетокот е во 15:30 часот.