Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Работнички – ГРК Тиквеш (ЛИНК)

За разлика од другите два дуели од плеј-аут лигата ова ќе биде натпревар на кој дефинитивно ќе има што да се види на теренот бидејќи кај Работнички гостува тимот кој е непоразен. ГРК Тиквеш има пет победи од пет средби и е лидер и денеска ќе биде на тест така што ќе треба да се даде најдоброто на теренот за да се остане на максимум. Сето ова е најава дека денеска ќе има што да се види во СЦ „Јане Сандански“ така што сосема извесно е дека ова ќе биде неизвесен натпревар. Работнички не смее да си дозволи пораз бидејќи сака да остане близу до позициите кои обезбедуваат опстанок, па затоа ќе може да се следи максимално интересен дуел. Натпреварот се игра во салата во СЦ „Јане Сандански“, а почнува од 16:30 часот.