Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Пролет – Струга (ЛИНК)

Денеска ќе биде одигран уште еден од заостанатите натпревари во Супер машката лига. Тимот на Пролет 62 ќе го пречека составот на Струга во салата „Македонско сонце“ во Скопје и ова ќе биде интересен дуел бидејќи се работи за два ривали кои се во трка за 2. место во Групата A. Натпреварот почнува од 18:30 часот, а се очекува интересна средба во која и гостите сигурно ќе имаат што да покажат.