Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Пролет – Еурофарм Пелистер (ЛИНК)

После победата против Вардар во четвртокот ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска мора да продолжат во истиот ритам доколку сакаат да останат конкурентни во трката за титулата. Во добра форма е и домаќинот на овој дуел, Пролет што е најава за интересна средба. Дефинитивно денеска нема да биде воопшто лесно и за едниот и за другиот тим во салата „Македонско сонце“. Почетокот на средбата е во 19 часот.