Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Прилеп – ГРК Тиквеш (ЛИНК)

Привршува сезоната и во Групата Б од Супер машката лига, а таму денеска ќе има две интересни средби. Во Прилеп на терен ќе се најдат составите на Прилеп и ГРК Тиквеш и ова е дуел на кој и двете екипи одат на триумф бидејќи им треба за да стигнат до задржување на шансите за пласман во плеј-офот. Средбата носи најава за интересен ракомет така што денеска може да се очекува и од едниот и од другиот тим да нападне за бодовите. Средбата се игра во салата Р. Р. Ричко во Прилеп, а почнува во 19 часот.