Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Младост – Еурофарм Пелистер (ЛИНК)

Вториот дуел од Групата Б од Купот на Македонија се игра меѓу Младост од Богданци и Еурофарм Пелистер. Тука нема дилеми кој е фаворит и кој е поблизу до победа така што сите очекувања на овој натпревар се тимот од Битола да нема поголеми проблеми за да дојде до триумф. Овој натпревар ќе почне од 19 часот, а се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.