Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Металург – Еурофарм Пелистер (ЛИНК)

Ракометарите на Металург денеска ќе бидат на голем предизвик во обидот да се одржат на добри резултати откако фатија ритам. Во Автокоманда гостува составот на Еурофарм Пелистер, па ќе биде навистина интересно. Ова е првиот натпревар од 9. коло во кој гостите се фаворити. Секако на „металурзите“ е да се спротистават и да извадат максимум од овој натпревар. Средбата почнува во 17:30 часот.