Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Металург – Еурофарм Пелистер 2 (ЛИНК)

Составот на Металург со новиот тренер Иван Марковски денеска ќе го пречекаат вториот тим на Еурофарм Пелистер и јасно е дека ова ќе биде доста интересна пресметка. Металург после лошиот старт на сезоната ќе се обиде со новиот тренер да се врати на победите, а овој дуел ќе биде интересен и поради тренерскиот двобој на поранешните колеги од репрезентацијата на Македонија кои играа на десно крило, Иван Марковски и Александар Јовиќ. Средбата се игра во Автокоманда и почнува од 15 часот.