Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Еурофарм Пелистер 2 – Металург (ЛИНК)

Ракометарите на вториот тим на Пелистер и на Металург минатата сабота играа во плеј-оф групата од Супер машката лига, а денеска се соочува во Купот на Македонија. Пред неколку дена Металург се избори за убедлива победа од 36:23, па сега битолчани ќе се обидат да се реваншираат во куп натпреварувањето на свој терен. Ова ќе биде тешка средба, па за очекување е да има интересен натпревар. Средбата почнува од 16 часот.