Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје (ЛИНК)

Привршува сезоната и во Групата Б од Супер машката лига, а таму денеска ќе има две интересни средби. Тимот на Еурофарм Пелистер 2 денеска го пречекува Бутел Скопје, а ова е максимално важен натпревар за битолчани бидејќи со победа можат да си обезбедат место во плеј-офот. Ќе биде интересно со оглед на тоа што за ривал имаат уште еден состав кој исто така е во плеј-оф битка, но во многу подобра позиција. Ова е најава за интересен дуел, а после победата над Металург составот на Еурофарм Пелистер 2 ќе сака уште еден триумф. Средбата се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, а почнува во 19 часот.