Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот ГРК Тиквеш – Јуниор КВ (ЛИНК)

Лидерот во плеј-аут групата од Супер машката лига, ГРК Тиквеш на свој терен ќе игра против тимот на Јуниор Кисела вода, а ова ќе биде средба на која ќе има што да се види бидејќи и гостите во последно време покажуваат поквалитетен ракомет. Домашните се фаворити, па се и во предност со оглед на тоа што од седум средби имаат шест победи во трката за опстанок. Натпреварот се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци, а почетокот е во 16 часот.