Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот ГРК Тиквеш – КЛ 7 (ЛИНК)

Двете екипи кои немаат пораз после четири одиграни средби во Плеј-аут групата од Супер машката лига, ГРК Тиквеш и КЛ 7 денеска ќе го одиграат натпреварот од 5. коло. Дербито се игра во Кавадарци и тука може да се очекува да биде доста интересно и возбудливо на теренот. Се работи за две квалитетни екипи од кои може да се очекува да покажат добар ракомет. Средбата ќе биде одиграна во салата „Јасмин“, а почетокот е од 16 часот.