Гледајте ги ВО ЖИВО натпреварите од плеј-офот во Суперлигата (ЛИНКОВИ)

На терените низ Македонија денеска се играат натпреварите од последното коло во плеј-офот, па сосема извесно е дека денеска ќе падне одлуката за новиот шампион бидејќи и Вардар и Еурофарм Пелистер влегуваат со идентичен број на бодови. Вардар игра дома против Металург, додека Еурофарм Пелистер ја пречекува екипата на Охрид. И двете екипи очекуваат победа за да дојдат до трофејот, но еден тим ќе се радува. Со победа Вардар решава сè и доаѓа до титулата, додека во Битола ќе се чека кикс во Скопје. Се играат уште две средби, Бутел Скопје - Еурофарм Пелистер 2 и Струга - Пролет, но тие немаат посебно натпреварувачко значење. Сите започнуваат од 19:00 часот, а може да ги следите на линковите во продолжение...