Ги излуде ракометарите на Келце – голманот на Мотор им фати СЕДУМ пенали! (ВИДЕО)

Полскиот првак Келце едвај славеше на гостувањето кај Мотор Запорожје со 25-26 и тоа со гол постигнат во финишот. Голема пречка за избраниците на Талант Душебаев беше домашниот голман Генадиј Комок, кој одбрани дури седум пенали од вкупно девет што беа досудени за Келце. Му одбрани три пати шут на Морито, по еден на Душебаев, Карачиќ, Вујовиќ и Гудјонсен...