Вујовиќ прозиваше – вардарци повторно во акција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар1961 почна со подготовки

Ракометарите на Вардар1961 ги почнаа подготовките за новата сезона. Единствено Едуардо Гурбиндо ќе се приклучи подоцна додека другите го одработија првиот тренинг.

Ракометарите на Вардар денеска ги започнаа подготовките пред стартот на новата сезона во која ќе бидат активни на четири фронта. Под водство на тренерот Веселин Вујовиќ, „црвено-црните“ ракометари го одработија првиот тренинг. Се појавија сите нови лица во тимот освен Едуардо Гурбиндо кој ќе игра на Олимписките игри. По тренинзите во Скопје се селат на Златибор, а потоа ќе бидат дел од турнирите во Струга и Магдебург. Ќе го одиграат и супер куп натпреварот против Еурофарм Пелистер во Охрид на 11 август, а следните официјални натпревари ќе бидат од СЕХА лига против Загреб на 26 и 31 август.