Вујовиќ за 24Ракомет ТВ: Фуксе Берлин има највисоки цели за оваа сезона (ВИДЕО)

Екипата на Фуксе Берлин на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер немаше поголеми проблеми и дојде до рутинска победа од 43:34, во натпревар од 3. коло од Лига на Европа. Најефикасен во редовите на ,,лисиците" беше репрезентативецот на Црна Гора, Милош Вујовиќ, кој постигна осум гола во мрежата на ,,фармацевтите". Искусниот ракометар ги сподели своите впечатоци по одиграниот дуел во спортската сала ,,Боро Чурлевски". Целата изјава на Милош Вујовиќ погледнете ја во видео прилогот...