„Вртенката“ на Ристовска меѓу најубавите погодоци на колото (ВИДЕО)

Сара Ристовска беше најефикасната ракометарка во селекцијата на Македонија на првиот натпревар од ЕХФ Евро Купот против Црна Гора. Десното крило постигна шест погодоци, а еден од нив влезе во изборот на медиа тимот на ЕХФ од ТОП 5 погодоци од првото коло на квалификациите за ЕП и Евро Купот. Погледнете ја „вртенката“ на Ристовска...