ВО МЕЃУВРЕМЕ: Ракометна магија на Мис Шрауба – Индира Кастратовиќ, гол за сите времиња (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари, моменти и погодоци на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме погодокот што беше постигнат од Индира Кастратовиќ со шрауба на финалниот натпревар од Лигата на шампионите против унгарскиот Херц, кој Кометал Ѓорче Петров го доби 26-22. Погледнете...