ВО МЕЃУВРЕМЕ: Неколку „проектили“ на Охоланга Локи во дресот на Кометал Ѓорче Петров (ВИДЕО)

Една од подобрите странски ракометарки што играла во Македонија е десниот бек од Конго, Алегра Верналисе Охоланга Локи. Таа подоцна ги бранеше и на македонската репрезентација, за која настапи на две големи натпреварувања. Сега настапува во Третата лига во Франција, а љубителите на ракометот ќе ги потсетиме на неколку нејзини погодоци во дресот на Кометал Ѓорче Петров...