ВО МЕЃУВРЕМЕ: Кога 18-годишниот Кире Лазаров ги кинеше мрежите за битолски Пелистер! (ВИДЕО)

По играњето во матичниот Овче Поле и во велешки Борец, капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров полна афирмација имаше во дресот на битолски Пелистер. Тој во Битола дојде во сезоната 1997/98, а во следната дебитираше во Лигата на шампионите. Сепак Пелистер беше елиминиран во 1/16 финалето од чешкиот Ковопетрол Плзен, откако на првата средба загуби со 30-22, а дома успеа да победи со 30-27. Лазаров блескаше на овој натпревар, погледнете дел од неговите погодоци...