ВО МЕЃУВРЕМЕ: Кога Вардар загуби од Металург, а потоа ги среди Барса и ПСЖ (ВИДЕО)

Пред 366 дена, на 3 април 2017 година, ракометарите на Вардар загубија во плеј-офот на Суперлигата од Металург со 29-26. Иако важеа за фаворити, избраниците на Раул Гонзалес загубија од избраниците на Лино Червар. Тоа беше триумф на тимот од Автокоманда по скоро три години над градскиот ривал. Тогаш хрватскиот стратег изјави дека неговите ракометари играле за топол оброк и 100 евра. Еден месец подоцна, вардарци во Лигата на шампионите ги победија и Барселона и ПСЖ, со што станаа европски шампиони. „Црвено-црните“ во возвратниот дуел славеа со поголема разлика над Металург и не дозволија изненадување, па освен европската, ја прославија и домашната титула.