ВО МЕЃУВРЕМЕ: Кога „вардарците“ Циндриќ, Марсениќ и Борозан „стрелаа“ за Металург…(ВИДЕО)

Сите љубители на ракометот во Македонија, а особено оние симпатизери на Металург сигурно знаат дека Лука Циндриќ, Вуко Борозан и Мијајло Марсениќ, кој подоцна освојуваат многу македонски, регионални и европски титули со Вардар, најпрво беа дел од тимот од Автокоманда. Циндриќ сега е дел од Барселона, Марсениќ игра во Фуксе Берлин, додека Борозан тресе мрежи за Веспрем. Во сезоната 2014/2015, тројцата играа заедно во Металург, а дел од нивните погодоци за овој тим може да ги погледнете во видео прилогот...