ВО МЕЃУВРЕМЕ: Како Червар дебитираше во Автокоманда – со триумф над Вардар и со скршена рака! (ВИДЕО)

Трофејниот стратег Лино Червар престојот во Македонија го започна во 2009 година, и беше дел од амбициозниот тим на Металург. Неговото тренерско деби во Автокоманда, беше зачинето со висока победа над големиот ривал Вардар со 28-22, но и со скршена рака! Червар се лизна покрај клупата на домашниот тим, незгодно падна, па на крајот мораше да заврши со лонгета. Погледнете...