ВО МЕЃУВРЕМЕ: Како Хорхе Македа стана „КИЛер“ во последните секунди! (ВИДЕО)

На денешен ден пред две години, Вардар успеа да го победи Кил на гостински терен, во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на Шампионите со 28-29. Иако Вардар имаше негатива од еден гол на минута пред крајот на дуелот, сепак со головите на Дибиров и Македа актуелниот европски првак направи пресврт. Потоа македонскиот тим загуби на домашен терен, но поради повеќе голови на гости, обезбеди место на завршниот турнир во Келн. Погледнете како Македа беше „килерот“ на Кил среде Германија...