ВО МЕЃУВРЕМЕ: Играорци среде ракометен терен – како Марсениќ и Шишкарев играа македонско оро (ВИДЕО)

Оваа седмица беше одбележан Интернационалниот ден на танцот, а медиа тимот на СЕХА лига реши да ги потсети љубителите на ракометот на едно интересно видео. За време на завршниот турнир во регионалната лига во Скопје од 13 до 15 април 2018 година, членовите на ансамблот Танец ги учеа Србинот Мијајло Марсениќ и Русинот Данил Шишкарев како да играат македонски ора. Погледнете....