Во Битола пак има еуфорија, победнички старт за Јовиќ на жешката клупа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер – Нексе (СЕХА лига)

Еурофарм Пелистер славеше против Нексе со 27-23 во последното коло од групната фаза во регионалната СЕХА лига и заврши на второто место. Тоа значи дека го избегна Загреб во четвртфиналето и го пратив ривалот на хрватски двобој. Херој на мечот беше Марко Кизиќ, кој фати клучен пенал во послдните секунди, бидејќи ако тоа беше гол, битолчани ќе завршеа на третото место и ќе мораа да се соочат со Загреб. Тренерот Александар Јовиќ, помогнат од Звонко Шундовски, имаше победнички старт на жешката клупа и одново ја врати ракометната еурофорија во Битола. Четвртфиналниот ривал на битолчани ќе се бара меѓу Вардар, Татран и Партизан, а ќе биде познат на 27 март, кога ќе се комплетираат сите дуели.