Возбудливи 120 секунди: Металург промаши шут за реми, вардарки го грабнаа цел плен (ВИДЕО)

Ракометарките на Вардар победија со 22-21 на тешкото гостување во Автокоманда кај Металург. Посебно возбудливи беа последните две минути. При 20-22, домаќинките од пенал намалија на 21-22, а голманката Илјаз запре еден удар на вардарки. Сепак одбиената топка дојде до нив, но реализираа па домаќинките тргнаа по реми. Шутот на десното крило Гугуљанова заврши покрај голот на Вероника Ѓорѓиевска, а вардарки рутински ја задржаа топката до самиот крај за голем триумф и голема радост. Погледнете....