Вигерт за 24Ракомет ТВ пред Барса: Кога мечот ќе почне, шансите се 50-50 (ВИДЕО)

Тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт, како играч има освоено титула во Лигата на шампионите, но како тренер е единствениот во четворката со Раул Гонзалес, Талант Душебаев и Карлос Ортега што се нема радувано во Келн. Неговиот Магдебург два пати по ред ја победи Барса на последните две меѓусебни средби, а Вигерт вели дека кога ќе почне мечот, шансите се 50-50. Целосната изјава на Вигерт погледнете ја во видео прилогот....