Велковски и Мандалиниќ им поделија супер цепелин на Данците (ВИДЕО)

Екипата на Еурофарм Пелистер со пораз од 29:30 се враќа од гостувањето во Данска, но и покрај тоа на средбата имаше што да се види бидејќи ракометарите на македонскиот вицешампион ги имаа атракциите на теренот. Последниот гол постигнат на почетокот на 57 минута беше особено атрактивен. Голот падна после цепелин во изведба на Велковски и Мандалиниќ. Како изгледаше акцијата можете да погледнете во видеото, но дефинитивно овој гол беше недоволен за бодови од ова тешко гостување.