Вардар ќе се бори за 14. титула во Струга (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – ГУИФ Струга 2023

Со двете победи во групната фаза Вардар се пласираше во финалето на 51. издание на турнирот „Струга 2023“ и ќе се бори за својот 14. трофеј. Скопјани се рекордери заедно со Еурофарм Пелистер по бројот на освоени титули, но скопјани имаат шанса да бидат на врвот. Во решавачкиот меч од групата со 28-26 го победија ГУИФ Ескулстуна чиј тренер е Зоран Рогановиќ, поранешен играч на вардарци. Финалето е утре во 20,30 часот.