Вардар ја крена самодовербата, Мотор беше загревање пред Веспрем (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Мотор (СЕХА лига)

Вардар забележа победа од 32:27 во СЕХА лигата против составот на Мотор Запорожје со што му врати на тимот од Украина за претрпениот пораз на негов терен. Гаџа со осум гола беше најефикасниот на теренот, додека Георгиевски и Дибиров ја завршија средбата со по шест погодоци.

После поразот од Нексе во средата ракометарите на Вардар денеска покажаа дека тоа беше ден на слабост и дека има уште што да покажат на теренот и го совладаа Мотор со 32:27. Во текот на сите 60 минути вардарци беа во предност и покажаа дека се во предност во однос на противникот така што во ниту еден момент не беше дозволено тимот од Украина да се доближи и да се врати во игра. Оваа победа беше за враќање на самодовербата пред дуелот против Веспрем следниот четврток во осминафиналето во ЛШ. Гаџа беше најефикасниот со осум гола, додека Георгиевски и Дибиров завршија со шест погодоци во овој триумф.