Вардар доминираше против Бутел, го дели уште еден чекор до финале (ФОТОГАЛЕРИЈА)

СТРУГА 2022: РК ВАРДАР vs РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

Екипата на Вардар ја оствари втората победа на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир, откако триумфираше против Бутел, со резултат 32:20 (18:8), во натпревар од групата А. Вардарци во последното коло од групната фаза ќе играат против словенечкиот првак Целје, додека бутелци ќе се соочат со Алкалоид.