Вардар доби “пантер” на голот, чиста десетка за Томовски (ВИДЕО)

Мартин Томовски уште еднаш имаше маестрално издание на голот на Вардар на натпревар од Лигата на шампионите откако и во првото коло против Елверум беше одличен. Против Мешков Брест репрезентативниот голман на Македонија беше несовладлив и натпреварот го заврши со 10 интервенции меѓу кои имаше и чисти ситуации на противникот. Неколку од одбраните против Мешков може да ги погледнете во видеото...