Вардар без сили за ново финале, Целје по втор трофеј во Струга (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Струга 2022: Вардар – Целје

Екипата на Целје ќе игра во финалето на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир, откако во последниот натпревар од групата Б триумфираше над бранителот на титулата Вардар, со резултат 36:28 (17:17). Целје со одличната игра во последните 20 минути целосно го надигра македонскиот шампион и ќе се обиде во своето второ учество на Струшкиот турнир да ја освои втората титула.