Вардарецот Шеваљевиќ распали од десет метри во голот на „викинзите“ (ВИДЕО)

Ракометарите на Црна Гора доживеаја пораз на гостувањето во Шведска со 24:27 во натпревар од квалификациите за ЕП 2022. Во составот на Црна Гора настапи вардарецот Васко Шеваљевиќ кој имаше солидно издание и натперварот го заврши со четири погодоци. Еден од нив беше исклучително атрактивен, со удар од десетина метри го совлада голманот Паличка кој немаше шанси да одбрани. Во следното видео можете да го погледнете атрактивниот погодок на Шеваљевиќ...