Брестовац: Момците мора да ме убедат дека местото им е во репрезентацијата (ВИДЕО)

Машката сениорска репрезентација на Македонија во изменет состав сомлади сили денеска се собра во Скопје и подоцна патува за Турција каде што ќе одигра две контролни средби против селекциите на Турција и Италија.

Селекторот Брестовац на располагање има млади играчи кои ќе имаат што да покажат на теренот, па од нив очекува да го убедат дека може да смета на нив и за во иднина.

„Во главата веќе имам што и како тие можат, но тие ќе мора да одиграат и да ме убедат и мене и јавноста дека можат. Тешко е да бараме некое чудо од нив, но се надевам дека она што ќе биде поставено како задача ќе имаат минутажа да го покажат на теренот. Ќе имам и јас време да го видам и да знам дали можам да сметам на нив за Европското првенство“, коментираше селекторот Брестовац за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.