Браќата Илиевски со нова европска задача, ќе судат квалификациски меч за ЕП 2022

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за квалификациите за пласман на ЕП 2022 во Македонија, Црна Гора и Словенија, а нова задача доби и судиска двојка од Македонија.

Браќата Методија и Михајло Илиевски ќе бидат „главни“ на теренот во шведскиот град Хелсинборг.

Таму ќе се игра натпреварот меѓу Шведска и Турција од 6. коло од квалификациите за пласман на континенталниот собир.

Швеѓанките со победа ќе бидат први во групата, додека Турција мора претходно да ја победи Србија за да одигра во игра за ЕП.

Натпреварот ќе се игра в недела на 23 април со почеток во 18:00 часот.