Битолска ракометна експлозија за СЕХА историја (Фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Мешков славје

Битола живее за ракометот, а годинава веројатно и ќе се радува на уште поголеми успеси на Еурофарм Пелистер. Македонскиот ракометен бренд се разбуди и сега почнува да граби на патот пред себе, кон нови успеси. Првпат во клупската историја ќе игра на Ф4 во СЕХА лигата продолжувајќи ја традицијата да има македонски екипи во завршницата. Битолчани отсега ќе имаат мотив плус повторно да ја полнат салата. Играчите покажаа дека се спремни за големи резултати.