АТРАКЦИЈА: Чупиќ и Гаџа со вардаров „специјалитет“ ги почестија битолчани (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар одиграа одличен натпревар и убедливо го совладаа составот на Еурофарм Пелистер во плеј-офот од Супер лигата. Во текот на сите 60 минути доминираа вардарци. Уште еднаш фантастично издание имаше Чупиќ кој погодуваше и ги разигуруваше соиграчите, а добар меч имаше и Анте Гаџа. Креативноста на Вардар беше на високо ниво погодуваа од различни ситуации, Чупиќ и Гаџа одиграа прекрасен цепелин кој можете да го погледнете во продолжение.