Атрактивен гол на Ристовска – сама свој мајстор (ВИДЕО)

Сара Ристовска беше една од најдобрите ракометарки во составот на ЦСКА Москва во денешниот натпревар од Лигата на шампионите. ЦСКА Москва оствари победа од 30:26 против Подравка и го задржа второто место во А групата. Македонската репрезентативка против Подравка имаше 4 голови од исто толку обиди и постигна атрактивен гол од контра.  Сама ја украде топката, истрча контра и со сув лист ја совлада противничката голманка. Голот на Ристовска сигурно ќе биде во изборот за најдобар на колото во Лигата на шампионите.