Анита Гербиц е „женскиот“ Кире Лазаров (ВИДЕО)

Унгарката Анита Гербиц стана првата дама која постигна 1.000 погодоци во Лигата на шампионите. Таа против данскиот Оденсе постигна четири погодоци и сега има четирицифрен број на постигнати голови. Второ место на вечната листа на стрелци во елитното натпреварување го има Катарина Булатовиќ со 869 голови, додека трета е Андреа Лекиќ со 806. Кај мажите Кире Лазаров е прв на вечната листа на стрелци со 1306 голови, (не се пресметани головите од оваа сезона), додека има само уште еден играч што ја минал границата од 1.000 голови - Никола Карабатиќ со 1075.