Амбициозниот прволигашот Бисинов ги почна подготовките за новата сезона

Прволигашот со суперлигашки амбиции, Бисинов од Велес, стартуваше со подготовките за новата сезона.

Велешкиот клуб ги донесе во своите редови искусните Ивица Илиев и Славјан Паунов, кои долги години ги бранеа заедно боите на Радовиш.

Тимот на тренерот Никола Бисинов се поднови и со уште Илија Табаков од Бутел Скопје, Филип Силјанов од Металург РА и Никола Манев.

Во клубот дојдоа и поранешните кадетски репрезентативци – Александар Стојменов од Голден Арт 2 и Никола Димитров, кој се врати од Германија.

Во новата сезона од Првата лига би требало да играат 15 или 16 екипи, но РФМ допрва треба да ги објави деталите околу ждрепката, распоредот и системот на натпреварување.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!