Алкалоид веќе не е главоболка за Вардар: „Црвено-црните“ пак во Куп финале (ФОТОГАЛЕРИЈА)

КУП на Македонија Вардар vs Алкалоид

Ракометарите на Вардар по 22 пат во историјата ќе играат во финалето на Купот на Македонија и ќе се борат за трофејот, откако во полуфиналето го елиминираа Алкалоид и славеа убедливо со 31-22. Предводени од голманот Томовски со 18 интервенции и Манасков со 12 погодоци, „црвено-црните“ ракометари без особени проблеми го надиграа дебитантот на Ф4 и за една недела ќе мора вторпат да се соочат со Еурофарм Пелистер, но овојпат во директен дуел за трофеј во Купот.