АКО НЕШТО ПРОПУШТИВТЕ: Најдобрите моменти од двобојот меѓу Македонија и Чешка (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија повторно ќе биде дел од Светското првенство откако во реванш натпреварот против Чешка обезбеди победа од 27:25. Првиот одигран натпревар во Злин заврши без победник, 24-24, па триумфот во Скопје значеше пласман за нашата селекција по осми пат на Мундијал. Ако нешто пропуштивте од средбата на која со репрезентативниот дрес се простија Филип Миркуловски и Столе Стоилов, погледнете ги најдобрите моменти од овој натпревар....